Достапни линкови

Месното население бара полицијата да преземе мерки


35 домови на Македонци во Јелошник од воениот конфликт во 2001 година, па се до пред некој ден константно се мета на криминални банди. Освен двете изгорени куќи, останатите објекти летото 2002 година од меѓународните организации добија врати, прозорци и друг материјал за поправка. Од тогаш, барем еднаш месечно овие куќи се цел на непознати разбојници. Со најновото дивеење во куќите и црквата Св.Богородица во Јелошник е скршено се што до сега не било уништено или украдено, а исто така пукано е и во објектите велат мештаните.

„Се искршиле, врати, покуќнина, саати... Ни дадоа како што знаете врати и прозорци, но и тие се скршија и се се краде. Не знаеме до каде ќе оди оваа работа.“

Луѓето од Јелошник уште вчера ја известиле полицијата за уништувањето на куќите, а исто така било побарано да се направи увид да се започне истрага со цел откривање и приведување на сторителите. Мештаните се огорчени поради инфериорниот однос на надлежните органи за нивниот проблем и бараат поефикасна работа за откривањето и спречувањето на бандите кои дивеат во овој регион.

„Треба да се преземат малку поостри мерки и да има поголемо присуство на полицијата.“

Селаните велат дека никогаш немале проблем со соседните села, но сепак за време и по конфликтот претрпеле огромни штети. На патот до селото се забележува и дивото сечење и уништување на шумата.
XS
SM
MD
LG