Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Планови за администрирање на демократски Ирак


Белата Куќа ги финализирала плановите за администрирање на демократски Ирак по отстранувањето на Садам Хусеин, пишува денешен Њу Јорк Тајмс. Според весникот, американските сили по отстранувањето на Хусеин од власта би останале во земјата најмалку 18 месеци, а со земјата би управувал цивилен администратор поставен најверојатно од Обединети Нации. Според Вашингтон Пост, за можната инвазија врз Ирак, Пентагон планира 100 илјади војници со супериорна технолошка подршка. Тие нумерички би биле еквивалент на ирачката републиканска гарда која броји 80 илјади војници плус 15 илјади елитни специјалци на Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG