Достапни линкови

logo-print

Тел Авив: Израелски напади по вчерашниот самоубиствен напад


Израел изутрината истрела уште неколку ракети врз Газа по вчерашното двоен самоубиствен напад во кој во Тел Авив загинаа најмалку 23 лица, а околу 100 беа ранети. Одговорноста за нападот ја презеде палестинската Ал Акса бригада. Израелскиот премиер Ариел Шарон за масакрот го обвини палестинското раководство, кое од своја страна ја отфрли одговорноста и ги осуди нападите. Израелската влада денеска реши да ја интензивира анти – терористичката борба во палестинските територии. Кабинетот на Шарон денеска затвори три палестински универзитети.
XS
SM
MD
LG