Достапни линкови

Пјонгјанг: Судирот со САД за нуклеарната програма многу сериозен


Северна Кореја оценува дека судирот со Соединетите држави во врска со нуклеарната програма е многу сериозен. Според властите во Северна Кореја, како што јавуваат агенциите, за проблемот со нуклеарната програма виновен е Вашингтон. Претставници на властите на Северна Кореја велат дека не веруваат во изјавите на американскиот претседател Џорџ Буш дека не планира да ја нападне нивната земја. Соединетите држави го одбија последниот повик на Северна Кореја за заеднички договор за мирно решение на кризата.
XS
SM
MD
LG