Достапни линкови

Приштина: Обуката на косовските полициските сили приоритет на ОБСЕ


Обуката на припадниците на Косовската полициска служба и особено вклучување во овие сили на припадници од сите заедници на Косово Ќе биде главна задача на Мисијата на ОБСЕ во покраината, изјави Шефот на Мисијата Паскал Фиечи. Тој во интервју за "Радио Косово" нагласи дека без оглед каков Ќе биде конечниот статус на Косово, треба да се работи на изградба на демократијата во која ќе бидат почитувани правата на сите косовски граѓани. "Постои реалност дека косовското население и Меѓународната заедница заеднички градат демократско општество на Косово во кое секој ќе има свое место. Решавањето на ова прашање ќе го одведе Косово кон Европа, но за тоа е потребно време", порача шефот на Мисијата на ОБСЕ на Косово Паскал Фиечи.
XS
SM
MD
LG