Достапни линкови

logo-print

Сараево: Новиот владин состав пред собранието на БиХ


Претставничкиот дом на Собранието на Босна и Херцеговина (БиХ) на денешната седница треба да се произнесе по предлогот доставен од босанскиот премиер Аднан Терзиќ за именување заменици претседатели во министерскиот Совет, како и министри и заменици министри во новиот владин кабинет. На денешната собраниска седница, како што јавија гласилата во Сараево, треба да бидат ратификувани и серија договори меѓу босанската и владите на други земји, меѓу кои е и ратификацијата на Договорот за слободна трговија меѓу БиХ и Македонија.
XS
SM
MD
LG