Достапни линкови

Никола Поповски, претседател на Собранието на Македонија. Годинава четири крупни пакет закони


Господине Поповски како ја оценувате досегашната динамика на имплементација на законите кои произлегуваат од охридскиот договор и кои закони ќе имаат приоритет нареднава година?

Па 2002-та имаше една динамика, некаде до мај – јуни. Меѓутоа, потоа тогашната влада како да подзастана и изгубивме половина година. Претпоставувам дека заради тоа дел од меѓународните фактори и политички партии на Албанците во Македонија почнаа да свараат притисок дека, ете се застанало на рамковниот договор, што не е точно. Требаше да се завршат изборите, па да се конституира собранието и владата, па да се продолжи таа работа и не гледам проблем. Очекувам, четири големи пакети закони од кои само два се врзани со охридскиот договор. Едниот ќе биде пакетот на економската политика за наредната година и тој го очекувам некаде во јануари, февруари и март, во тие три месеци да помкинат голем број на закони кои ќе ја утврдат економската политика за идната година, па и подолгорочно. Друг пакет закони, што не е од рамковниот договор е пакетот на закони врз основа на кој треба да се почне со усогласување на македонското законодавство со она на НАТО и на ЕУ во врска со нашите аспирации за прием во тие две организации. Третиот пакет е пакетот што произлегува од рамковниот договор, а не е дел од децентрализацијата на власта и тоа се околу 15-тина закони кои ќе треба да го довршат остварувањето на рамковниот договор. Тука има и некои за кои очекувам да има поголеми политички тензии, законот за патни исправи и законот за употреба на симболи. Другите мислам дека ќе бидат во рамките на договореното и нема да предизвикуваат големи политички дебати во собранието. И четвртиот кој ќе го почнеме, а нема да го завршиме во 2003 затоа што ќе земе повеќе опд 12 месеци е пакетот од 80-тина закони за децентрализација кои очекувам да завршат заедно со територјалната поделба некаде во 2004 година.

Влијае ли отсуството на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ во работата на собранието?

Нивното отсуство не влијае на работата на собранието. Собранието редовно и ефикасно ги извршува своите обврски согласно уставот. Тоа повеќе влијае на нивната политичка платформа, на нивната политичка програма отколку на собранието. Без опозицијата немаме дво третинско мнозинство за да ги донесеме законите. Меѓутоа, за оние закони каде што има неопходно мнозинство од 40 до 60 пратеници ние може да ги донесеме и ќе ги донесеме ако се во рамки на рамковниот договор. И затоа е потребно сите политички сили во Република Македонија да застанат зад рамковниот договор на консензуална база. Тоа е повеќе политички проблем, отколку проблем на работа на собранието.

Но, во ДПА велат дека тие ќе ги гласаат законите?

Во тој случај имаме дво третинско мнозинство. Меѓутоа, ДПА според досегашниот тек на работа на собранието, упорно опстојува при гласањето на опозициско однесување. Однодно, не гласа за законите, па дури и кога се логични.

Кога може да очекуваме решавање на проблемот со изборот на вашите двајца заменици?

Јас очекувам на првата седница, во јануари отприлика да се реши тој проблем. Сега сеуште не знам во која насока ДУИ ќе го реши проблемот, меѓутоа мислам дека се стеснува времето и дека било какво решение мора да се најде затоа што собранието не може да функционира без попретседатели.
XS
SM
MD
LG