Достапни линкови

Скопје: Повредени и затруени од алкохол во прославата на новата година


За време на новогодишната прослава се повредени шест лица, изјави советникот за полициски прашања во Министерството за внатрешни работи Воислав Зафировски. Две лица се повредени во селото Глумово од кои едното е во тешка состојба и се наоѓа во Воената болница. Во селото Арачиново е повредено малолетно дете од заскитан куршум. Во Скопје едно лице играјќи со пиштол се самоповредило во десната слабина. На Камениот мост од заскитан куршум во раката е повредено едно лице кое е хоспитализирано во Градската болница. Во селото Љубанци исто така од заскитан куршум е повредено едно лице. Вчера во 13 часот и 30 минути во Тетово е грабнат Фатмир Лика роден во 1974 година, кој е најден мртов утрово во село Желино. Истрагата е во тек. Во новогодишната ноќ од преголема доза на алкохол се затруени 26-мина малолетници кои биле пренесени во Клиниката за токсикологија.
XS
SM
MD
LG