Достапни линкови

Њујорк: Нови непостојани членки на советот за безбедност на ОН


Ангола, Германија, Шпанија, Пакистан и Чиле од денеска се новите непостојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации. Тие земји беа избрани од Генералното собрание на Светската организација во септември минатата година, на местото на Колумбија, Ирска, Маурициус, Норвешка и Сингапур, чиј двегодишен мандат истече ноќеска. Непостојани членки во Советот за безбедност до крајот на годинава остануваат Бугарија, Гвинеја, Камерун, Мексико и Сирија. Со ова тело на ОН месецов ќе претседава Франција. За прифаќање на резолуциите на Советот за безбедност се неопходни гласови на девет од 15-те негови членки, под услов ниедна од постојаните членки - Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција, да не го употреби правото на вето.
XS
SM
MD
LG