Достапни линкови

Драми и големи спротивности


Две илјади и втора година ја одбележаа вистински драми и големи спротивности. Додека на едниот крај на светот му се закануваше нуклерана војна, на другиот народите се зближуваа во името на мирот и безбедноста. Европа воведе нова валута, а Авганистан доби преодна влада.

Десетлетијата соништа и макотрпното планирање се остварија на Први јануари две илјади и втората година. Европа ја доби новата валута – еврото. само малку време по полноќ на првиот ден од новата година еден италијански турист во Париз ги доби првите банкноти на еврото

Некои од ваквите здравици исчезнаа во текот на годината, особено кога извештајот на Европската Комисија покажа дека повеќето европејци го обвинуваат еврото за инфлацијата.
Во јануари американскиот претседател Џорџ Буш во својоето обраќање до нацијата ги означи Иран, Ирак и Северна Кореа за оска на злото.

„Државите како овие се терористички и се постојана закана за мирот во светот.“

рече Буш. Сите три земји негираа дека поседуваат атомско и оружје за масовно уништување. Во февруари пред Хашкиот трибунал започна судењето против Слободан Милошевиќ обвинет за воени злосторства и геноцид. Во почетокот на март антитерористичката коалиција ја покрена акцијата Анаконда со цел чистење на талибанските и алкаедини засолништа во Авганистан. Во неа загинаа единаесет американски војници и беа убиени 450 талибански борци.

„Операцијата успеа во целост.“

изјави командантот на акцијата генерал Томи Френкс. Кон крајот на истиот месец, израелската војска започна акција на Западниот Брег. За прв пат е нападнато и во голема мера оштетено седиштетото на Јасер арафт во Рамала.

Израелскиот кабинет нареди напад по низата самоубиствени акциии што ги изведоа палестински милитанти и во кои за само три дена беа убиени триесет израелци.

Во април започна да се остваруваат новите односи меѓу НАТО и Русија. На самитот во близина на Рим рускиот претседател Владимир Путин се согласи да биде формиран посебен совет од заеднички интерес. За одлуката Џорџ Робертсон рече

„Донесувајќи ја ваквата одлука, ние овозможуваме постоење на Советот НАТО Русија каде што сите членови ќе работат како рамноправни партнери.“

Но, како што некогашните непријатели од студената војна се приближуваа, така растеа тензиите меѓу двете нуклерани сили во Азија. Пакистан и Индија, од поодамна во судир поради Кашмир, мобилизираа милион војници за војната која беше на повидок. На врвот на напнатоста американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд во обид да ги смири тензиите, ги посети двете земји.

„Претседателот на Соединетите држави и државниот секретар Пауел длабоко се заинтересирани да бидат прекинати тензиите меѓу двете земји.“

Неколку дена потоа во Авганистан почна процесот за избор на продната влада. Хамид Карзаи ја доби довербата да ја води земјата во наредните две години се до изборите.

„Јас сум скромен човек и граѓанин на Авганистан и ќе сторам се што можам да обезбедам религиска и секаква друга независност.“

Во Август германскиот канцелар Герхард Шредер беше во најжестоката трка да ја задржи својата работа. За да ги добие гласовите на избирачите тој го разлути Вашингтон со изјавите дека Германија нема да учествува во евентуалната војна против Ирак.

„Притисок врз Садам Хусеин – ДА –треба да се испратат меѓународни посматрачи во таа земја, но не се согласуваме на никакви воени игри. Дами и господа не сакаме да бидеме дел од тоа.“

рече Шредер. Во септември претседателот Буш ирачкото прашање го доведе пред Обединетите нации. Во говорот тој од Соевтот за безбедност побара резолуција против Багдад.

„Не можеме да стоиме и да не правиме ништо додека опасноста станува се поголема. Мораме да се избориме за сигурност, за постојани права и за надеж на човештвото. Со наследство и со избор Соединетите Држави ќе направат таков чекор и вие делегати на Обединетите нации имате моќ да го сторите сличното.“

Следниот ден во Багдад шефот на дипломатијата Наџи Сабри го критикуваше говорот на Буш и негираше дека Ирак поседува забрането оружје.
Во октомври пеесетина чеченски терористи три дена држеа осумстотини заложници во еден московски театар. Руските специјалци ја окончаа драмата убивајќи ги грабнувачите, но од последиците на гасот што го употребија загинаа и 118 заложници.

„Убедени сме дека одлуката за акција беше навремена и коректна. Според нашите информации, доколку таа не успееше ќе имавме над илјада жртви.“

изјави тогаш рускиот заменик министер за внатрешни работи Владимир Васиљев.
При крајот на ноември на самитот на НАТО во Прага седум нови земји беа поканети да и се приклучат на Алијансата, а во декември Европската унија реши да се прошири со уште десет членки. Во декември поранешниот американски претседател Џими Картерја доби годинашната Нобелова награда за мир. Во својот говор на доделувањето на наградата Картер говореше за злото на војната

„Војната понекогаш можеби е нужно зло. Но, без оглед на тоа како е потребна, таа е секогаш зло, никогаш добро. Ние нема да научиме да живееме заедно во мир ако меѓусебно си ги убиваме децата.“

рече Картер кој стана Нобеловец поради неговите мировни напори на Блискиот Исток, Хаити и Северна Кореа.
XS
SM
MD
LG