Достапни линкови

Вашингтон: Осуда за убиството на тројцата лекари во Јемен


Соединетите американски држави го осудија убиството на тројцата американски лекари во мисионерската болница во Јемен и предупредија дека таа земја е опасна за Американците. Тројцата лекари беа убиени, а еден болнички фармацевт беше тешко ранет вчера изутрина од страна на еден исламски екстремист во баптистичка болница во Џибла. Напаѓачот по нападот беше уапсен.
XS
SM
MD
LG