Достапни линкови

Новата година да биде година на делување


Оваа година го означи враќањето на спокојството во домовите во Република Македонија и година во која надежта почна повторно да ги освојува нашите лица. Сите можевме да почувствуваме дека ситуацијата во нашата држава генерално се стабилизира и безбедносната состојба се подобрува изјави во новоодишното обраќање претседателот на Република Македонија Борис Трајковски:

„Ако 2002-та беше преодна година, кога создававме услови за стабилизација, новата 2003 треба да биде година на делување. Граѓаните на Република Македонија, без разлика каде живеат имаат право да се чувствуваат сигурни и спокојни во своите домови, а државата е должна тоа да го обезбеди. Насилството и криминалот немаат етничка боја и затоа борбата против овие зла е борба за доброто на сите. Во 2003 година насилниците треба да се почувствуваат несигурни, а не граѓаните кои заслужуваат подобар живот. Тоа ќе создаде услови за заживување на економијата, за зголемување на животниот стандард и за завршување на реформите,“

рече претседателот Трајковски кој ги повика сите граѓани на македонија 2003-та година заедно да ги поддржат општите, националните и државните интереси. За да фатиме приклучок кон светот кој се обединува, истакна тој треба прво ние самите, независно од етничката или партиската припадност, да се обединиме околу интересите на Република Македонија ,слободата и мирот имаат цена и треба да бидеме подготвени да ја платиме.
XS
SM
MD
LG