Достапни линкови

logo-print

Алексис Брунс, специјален пратеник на ЕУ за Македонија. Новата година да биде година на реформи


Амбасадоре Брунс тука сте за да го олесните спроведувањето на рамковниот договор. Како ја оценувате минатата година?

Мислам дека исполнувањето на мировниот договор беше мошне добро во текот на оваа година. Целите кои беа определени од Парламентот се исполнети, се разбира со некои исклучоци. Изборите се одржаа во мирна атмосфера. Исто така имавме можност да проследиме мирно примопредавање на власта. Пописот би рекол, технички и политички беше успешен, спроведен во една мирна и тивка атмосфера, па така во многу погледи 2002 година беше пресвртна во стабилизацијата на оваа земја.

Што според вас би требало да биде главната каракетирстика за 2003-тата?

Како што реков 2002 беше пресвртна во подобрување на стабилизацијата на земјата. Идната година би требало да биде година на реформи за да се се имаа добивка од стабилизираната ситуација, мирните избори, со цел да се спроведат решителни финансиски и политички реформи. Би рекол дека на прво место е борбата против организираниот криминал и корупцијата. Тоа е многу важно И мислам дека треба да биде во фокусот на новата влада. Тука се секако и реформите во јавната администрација кои треба да продолжат. Овие две цели се тесно поврзани со предусловите во Договорот за стабилизација и асоцијација што е главното орудие за македонија да дојде поблиску до ЕУ. Се разбира тука треба да го споменам и натамошното спроведување на Охридскиот договор што главни ќе се фокусира на процесот за децентрализација. Тоа е многу важно и убеден сум дека децентрализацијата е најдобар начин политички да се решат проблемите меѓу заедниците во оваа земја. Би го споменал и напредокот во соодветната застапеност. Потоа преговорите за стенд-бај аранжман со ММФ како и напредок во натамошното исполнување на Договорот за стабилизација и асоцијација што е исто така клучен елемент за реформскиот процес за 2003 година. Вака се добива впечаток дека постојат голем број цели, но не треба да заборавиме дека станува збор всушност за различни фази од ист процес за приближување кон ЕУ. Ако ги имате на ум европските перспективи за Македонија мора да допрете до различните прашање што ги споменав. Тоа не е важно само за преговорите со ММФ, за странските инвестиции или идното членство во НАТО. Тоа се само различни елементи за една иста стратегија. Сигурен сум дека Владата тоа го разбира.

Сепак амбасадоре постојат анализи и предупредувања за натамошно радикализирање на состојбите?

Мислам дека Македонија е во многу подобра позиција отколку пред една година и перспективата сега е добра. Сега е време наместо да шпекулираме што би можело да се случи за два до три месеци, на безбедносен план да се фокусираме на позитивна агенда, и на реформи.

сметам дека единствениот можен пат за Македонија е европската перспектива. Тоа е најдобар начин да се заборави на минатото, да не се гледа наназад туку нанапред Сите заедници би требало да разберат дека вистинскиот пат за нивните семејства, за нивните синови, за прашањето на употребата на јазикот, за прашањето на економскиот напредок е да работат да дојдат поблиску до Европската Унија. Мислам кога сите ова би го разбрале голем број пробвлеми полесно би биле решени.
XS
SM
MD
LG