Достапни линкови

logo-print

Најави за жалба до судот во Стразбур


Во текот на минатата недела, Уставниот суд го укина законот на прогонуваните и репресираните лица за самобитноста на македонските идеи, закон кој беше донесен во јули оваа година на последната собраниска седница од поранешниот парламентарен состав.
Законот им гарантираше на прогонуваните и репресираните лица или на нивните семејства право на еднократна парична помош, пензија, социјална и здравствена заштита.

Нема да застанеме тука одлуката на Уставниот суд за укинување на законот не е правна одлука, туку:

„Тое е од идеолошка причина, нема правна тежина, но ние нема да престанеме со битката, со тоа што ќе побараме и политички одговор од државата и од политички партии коишто сега се во извршната власт. Ако одлуката е конечна и дефинитивна, тогаш ќе бидеме принудени да се жалиме и на меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.“

вели Никола Андонов, координатор на Здружението на прогонуваните.

Наспроти ова во Устаниот Суд ни изјавија дека Судот ја застапува позицијата „дека Законот не прецизира кои лица се прогонувани и осудувани за идеите на самобитноста на македонскиот народ, врз основа на што оваа категорија на луѓе и би ги оставарувала посебните права, во исто време Законот е спротивен на Уставот и со самото тоа што им овозможува на Министрите предлагачи на законот сами да прецизираат кои луѓе би влегле во оваа посебна категорија,“ велат во уставниот суд.

Со Законот Правилата за остварување на правата на оваа посебна категорија прогонувани за самобитноста на македонскиот народ во период од 1945 до 1999 год. беа утврдени, вели Андонов.

„Ако се влезе во правна процедура, сите овие граѓани поседуваат документација со што ова може да го потврдат. И сегашните деца и внуци на овие фамилии немаат можност да добијат вработување. Има преку 24,000 досиеја на политички затвореници.“

Во образложението на предлагачот на законот, тогашниот состав на министерството за финансии, инаку Закон кој посебно беше подржан и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ стоеше дека „донесувањето на овој закон претставува морален и етички чин кон илјадниците жртви на поранешниот тоталитарен режим.“
XS
SM
MD
LG