Достапни линкови

Лидерската средба доказ дека охридскиот договор не е совршен


Потребата за свикување лидерски средби укажува на несовршеностите што во себе ги има рамковниот договор, оценува социологот Константин Миновски:

„Веројатно тука треба да се користи авторитетот на лидерот, значи се трнува на страна правото, политичкиот систем и се друго, за да може да се реализира. Објективно, нема како поинаку да се натераат, на некој начин треба да се натераат, за да може тој да профункционира.“

Сево ова, смета Миновски произлегува од тоа што и самиот рамковен договор не е спонтан резултат на општествените случувања, туку е наметнат:

„На секаде во светот политичкиот систем, општествениот систем, економскиот систем е резултат на самото живеење на луѓето и на вредностите што се валидни. Не може да накалемите некои закони или системи веднаш да функционираат. Тука е проблемот, случајот наложува тие лидери што си ја земале таа функција, не навлегувам сега дали е законски или не, моето мислење е дека не е секако, за да може да се форсира, да се наметнува, веќе каде е демократијата е посебно прашање, за да може такво нешто да функционира.“

Практикување на овие лидерски средби е секогаш ново суспендирање на демократијата.

„Лидерите го заменија правниот систем, односно целиот оној механизам којшто регулира како се менува уставот и се натаму. Самото тоа нужно води да сега тие повторно си ја земаат таа улога, да можат тоа што дали тие го замислиле или не, не навлегуваме во тоа, да го реализираат. Ваквите лидерски средби водат кон суспендирање на демократијата и кон тоталитаризам. Она што е мислење на лидерот, ќе биде доминантно како ќе се однесуваат и како ќе работат институциите.“
XS
SM
MD
LG