Достапни линкови

Лидерските средби кај Трајковски циркузијада


Македонските судови работат под притисок на извршната власт, додека за време на претходната влада правеа опструкции во борбата против криминалот, обвини денеска екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

„Знаеме дека обвинителот беше поставен од нашата политичка партија, но тој обвинител тргнувајќи од оние морални начела дека има независно обвинителство и независно судство, ги остави сите оние обвинители кои сега водат експресни постапки против раководството и против одредени лица кои според нив се извршители на кривични дела.“

Бошковски рече дека неговата партија не отстапува од охридскиот договор.

„Но, тоа што некои политичари во Македонија од својот личен комплекс во овие мигови сакаат да покажат дека се фактор на одлучување од типот на претседателот на државата, и треба да свикува нови циркузијади каде што треба да се зборува за имплементација на рамковниот договор, ВМРО сигурно дека ќе остане и ќе ги подджува, но вакви циркузијади, бегање од одговорноста, поистоветувањето дека ВМРО сака да го прекрие својот криминал и затоа не доаѓа на оваа средба кај претседателот Трајковски е многу нечесна и импровизирана констркуција.“

Екс министерот изнесе и информации дека во тетовскиот регион и во кумановско - липковскиот регион веќе се стационирани групи на таканаречената АНА.
XS
SM
MD
LG