Достапни линкови

Започнува прославата на Божик


Приказната за Божиќ e заснована врз раѓањето на Исус за кој се верува дека е спасител на човештвото. Многу од божиќните обичаи пак се засноваат врз пагански верувања пред Исусовото раѓање. Некои веруваат дека Исус навистина се родил за да го промени светот, некои не. Според приказната, тој е син на Марија и Јосиф кој е роден во Витлеем. Оваа приказна вели дека Марија и покрај тоа што го родила Исус била девица. Дилемата и натаму останува - легенда или чудо. Но, едно е сигурно дека во оваа ера на глобализација и слободни пазари Божиќ стана глобална појава

Кина, која нема официјална религија, стана најголем извозник на производи со кои се одбележува Божиќ како на пример елки, дедо мразовци. Американската верзија на Дедо Мраз го направи детето Исус за симбол на Божиќ. Американскиот професотр Клемент Мур во 1822 го овековечи во поемата Посета од Свети Никола.

Очигледно Муровиот Дедо мраз е амалгам од германскиот Вајнахтссман, холандскиот Сент Ник и други. Но, комерцијалниот Дедо Мраз-човек седнат во оддел за играчки на некоја продавница-е производ на американскиот комерцијализам. Во Австрија оваа година една група подели над 20 000 налепници со содржина против Дедо Мраз и тоа посебно во познатиот маркет за божиќни подароци за деца во Виена. Во Велика Британија, Ротари клубот ја рефлектира модерна појава со нови правила за традиционланиот Дедо Мраз. Секогаш кога децата се со Дедо Мразот со нив мора да има и возрасна личност. Во Ротари клубот велат дека правилата на однесување се воведени за да се заштитат децата.

И покрај сите разлики кои постојат во сфаќањата, начинот на прославата на Божиќ, сепак овој празник се слави секаде во светот, односно улиците се украсени , децата пеат божиќни песни и како што вели британскиот автор Чарлс Дикенс во приказната Крисмас Керол-Среќен божиќ на сите и добра ноќ на сите.
XS
SM
MD
LG