Достапни линкови

Витлеем: Израелската војска се повлекла од периферијата на градот


Израелската војска соопшти дека денеска се повлекла на периферијата на Витлеем за да можат да се одржат традиционалните Божиќни празници во градот. Се додава дека во идната недела во Витлеем нема да има војници, освен ако разузузнавачките служби не известат за подготовка на напади врз израелски граѓани. Агенциите јавуваат дека војската се наоѓала на двесте метри од базиликата подигната над пештерата за која се смета дека е место на раѓањето на Исус Христос.
XS
SM
MD
LG