Достапни линкови

Подгорица: Претседателски избори


Во Црна Гора денеска се одржуваат претседателски избори. На изборите учествуваат 11 кандидати. Филип Вујановиќ е кандидат на владеачката коалиција, Обрад Марковиќ на партијата на југословенски комунисти, Александар Василјевиќ на српската радикална партија, а останатите се независни кандидати. За да успеат изборите неопходно е на гласачките места да излезат повеќе од половината гласачи запишани во избирачкиот список. Изборите ќе ги набљудуваат околу 2500 монитори , мегу кои и 290 мегународни.
XS
SM
MD
LG