Достапни линкови

Тежок живот на Македонците во Мала Преспа


Оствени сме сами на себе, владата не води воопшто грижа за нашите тешки услови за живот, нема вода за пиење , патиштта се катастрофлни велат жителите Македонци од Мала Преспа, Албанија.

15 километри од македонско-албанската граница долж Преспанското Езеро во албанска територија се ноаѓа селото Пустец во кое живеат илјада и петстотини жители Македонци. Село до кое за да стигнете потребни ви се час и половина патување со автомобил по неасфалтиран и крајно тешко проден и каллив пат.

Се живее во бедни усло велат некој од жителите на оваа село

„Земјоделие работиме. Му се молиме на бога, тоа што ќе сработиме тоа, нема друго. Ама, и тоа е слабо, не можеме да заработиме со тоа. Нема работа. Се што ни треба, мажите одат и купуваат во Ресен, во Охрид, каде што работат мажите. Владата не ни помага.“

А пострите жители се помириле со ваквиот начин на живот

„Најубаво си живееме. Како селани, селаните се такви.“

Во регионот на Мала Преспа се наоѓаат девет села во кои живеат околу пет илјади жители Македноци кои ги мачат истите проблеми.

Дека овие жители ќе дбијат подобри услови за живот наредниве неколку месеци ветија и албанската и македонската влада која од буџетот за 2003 година превидено е да оддели средства за овој регион вели македонскиот министерот за локална самоуправа Александар Гештаковски.

„Македонската страна, со својот буџет за 2003 година веќе определи одреден дел средства од буџетот на Република Македонија, сопствени средства, а сметам дека особено во соработка со меѓународните финансиски институции ќа најдеме заеднички интерес во делот на инвестирањето. Сметам дека во 2003 година ќе бидат решени, барем голем дел од овие проблеми. Проблемите што ги мачат овие жители 40-50 години, постепено и етапно ќе ги решаваме.“
XS
SM
MD
LG