Достапни линкови

Анкара: Уставните амандмани повторно кај претседателот


Турската владејачка партија на правдата и развојот планира повторно да му ги достави уставните амандмани на претседателот Ахмет Неџет Сезер, со кои треба да му се овозможи на нејзиниот лидер Реџеп Таип Ердоган да стане премиер. Претседателот Сезер веќе стави вето на амандманите, но доколку тие повторно бидат изгласани во парламентот, претседателот може да покрене уставна постапка или да распише референдум.
XS
SM
MD
LG