Достапни линкови

Стабилизацијата на безбедносната состојба, приближувањето до евроатланските структури и економскиот


Основните приоритети за Македонија посочени во говорот на претседателот се:

„...целосна стабилизација на безбедносната состојба, враќање на владеење на правото на целата територија на Република Македонија и целосна реинтеграција на поранешните кризни подрачја. Второ, имплементација на одредбите од рамковниот договор, она што претставува обврска. Трето, економски развој и просперитет. Четврто, натамошно приближување кон Европската Унија и НАТО и се разбира не последно, борба против организираниот криминал и корупција“ – рече Трајковски во годишното обраќање пред парламентот на кое не учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од ЛП, но затоа беше присутен лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Во човековата природа да се простува и да се поддава рака, но државата е должна да создаде амбиент во кој помирувањето меѓу нејзините граѓани ќе биде возможно токму во името на посреќното живеење на генерациите кои доаѓаат и во името на заедничкиот живот во заедничката држава. Алтернативата на сите нас ни е позната“ – рече Трајковски.

Според него, очигледен е напредокот во поглед на безбедносната состојба, но сепак:

„ се уште не сме постигнале целосна реинтеграција на поранешните кризни региони и воспоставување на владеењето на правото на целата територија. Сакам јавно и сосема одговорно да истакнам дека тоа е задача на нашите надлежни органи и министерства. Во оваа смисла рамковниот договор е само еден од столбовите на македонската стабилност. Вториот столб на нашата внатрешна стабилност е бескомпромисноста во владеењето на правото на целата територија на државата. Насилството и криминалот немаат етничка боја и затоа борбата против овие зла е борба за доброто на сите“
XS
SM
MD
LG