Достапни линкови

logo-print

Сегашниот владин пристап е недоволно организиран


Начинот на кој Владата ја започна борбата против корупцијата не е адекватен и добро организиран – смета професорот по економија и поранешен министер за транспорт и врски Абдулменад Беџети:

„Лично сметам дека треба да се направи поинаков приод во овој процес. Пред се, приодот треба да биде организиран, со создавање на формално-правна инфраструктура за на некој начин да се војува со овој феномен. Ова не е толку лесно и дотолку повеќе е потребно да се формираат надлежни независни институции, како што е Заводот за државна ревизија, другите државни контролни органи коишто на некој начин се справуваат со криминалитетот. И, на крајот, што е најва`но – независно судство, но професионално независно судство“.

Политичката волја за борба против корупцијата на оваа Влада не и недостасува. Не мислам дека ќе отстапи од оваа намера, бидејќи висок приоритет на владините коалициони партнери е токму борбата против корупцијата. Но, Беџети смета дека:

„Не се војува против овој феномен преку портпаролот на Владата. Тој излегува ос едницата на Владата и искажува политички квалификации за вината којашто се уште не е докажаба. Надлежните компетентни органи треба да се остават да се занимаваат со овој многу тежок проблем“.

Надлежните институции за борба против овој феномен пред се треба да бидат финансиски независни, вели професорот Абдулменад Беџети.

„Земете ја вие на пример содржината и структурата на луѓето коишто се делегирани во антикорупцискато тело од одделни партии. Тоа се луѓе кои никогаш не знаеле што претставува тоа. Како тие ќе се справат со тој проблем? Освен поединци, се разбира, зашто има и компетентни луѓе. Меѓутоа, овие се случаи коишто покажуваат дека не може така да се војува. Не може една институција којашто е зависна од Владата – и финансиски, и политички, и секако – да војува независно. Таа треба да војува и против корупцијата во своите редови и да биде пример пред се во своите редови, па дури и оттука да почне“.
XS
SM
MD
LG