Достапни линкови

Првостепена домашна задача на македонската влада


За да не бидеме земја на која и е потребна континуирана помош и сериозен и неодговорен партнер, да не останеме постконфликтно подрачје во кое никој не инвестира, или црна дупка која ги проголтува странските инвеститори, неопходно ќе биде сериозно да се ангажираме околу имплементирањето на договот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија.

„Нашата домашна задача е многу сериозна: да обезбедиме функционирање на правната држава, да обезбедиме ефикасна и компетентна администрација, да обезбедиме правна сигурност за сите граѓани и за сите економски субјекти, да гарантираме процес на усогласување на законодавството, да гарантираме функционални институции, да гарантираме реално и справедливо остварување на човековите права во Република Македонија“ – е ставот на вицепремиерката Радмила Шеќеринска.

Официјална поддршка за влегување на Македонија за влегување во ЕВропската Унија пристигна и од амбасадорот на Велика Британија во Македонија Џорџ Едгар:

„Британската влада дава многу силна поддршка за интегрирање на Македонија во Европската Унија и секако за членство на оваа држава во друштво на земјите членки на НАТО“.

Македонија мора да работи поинтензивно врз приближувањето на националната програма за законодавството со Европската Унија. Место за оправдување повеќе ќе нема, е ставот на Шеќеринска:

„Мислам дека е време да престанеме со поплаки дека недоволно добиваме и да почнеме со иницијативи за тоа што треба да го добиваме“.

Досега Македонија во најголем дел ја кршеше спогодбата за стабилизација и асоцијација со упорното практикување на потпишаниот договор за ОКТА. Со прогласувањето на овој документ од страна на Уставниот суд за неуставен, на Владата и се отвораат врати за целосно спроведување на спогодбата, што значи услов за влегување на Македонија во членство во Европската унија.
XS
SM
MD
LG