Достапни линкови

logo-print

Македонија остава зад себе успешна година


Во обраќањата на амбасадорите на ОБСЕ, НАТО, ЕУ и САД доминираше оценката дека Македонија зад себе остава извонредно успешна година, со мирно спроведени и фер избори, со успешен попис, со намалени тензиите и Влада подготвена да го спроведе рамковниот договор.

„ Гледајќи наназад, забележувам огромен успех во Македонија којшто всушност може и да селужи како пример и за другите земји во регионот“ – рече амбасадорот на НАТО Николас Бигман.

За идната година врвни приоритети се економското заздравување и спроведувањето на Охридскиот договор, беа согласни амбасадорите. Во таа смисла и најавената лидерска средба се гледа како можност за реафирмација на преземените обврски од страна на потписниците на договорот

„Се надевам дека ќе добиеме нови моменти на средбата на партиските лидери на 26 декември“ – рече евро-пратеникот Брунс.

Сите амбасадори со оценка дека на земјава не и се заканува голема опасност од нов бран насилства и повторно организирање на екстремни групи:

„Ние сме постојано внимателни, меѓутоа, оценуваме дека ризиците за враќање на насилството се многу ниски“, рече Батлер.

Со сличен став и првиот човек на ОБСЕ Крег Џенес:

„ Се разбира, овде има и луѓе коишто работат и некои криминални активности, меѓутоа, тие немаат поддршка“.

Меѓународните претставници сметаат дека она кон што Македонија треба да се насочи е нејзината евро-атланска перспектива:

„ Главното средство според коешто треба да се раководите е процесот на стабилизација и асоцијација“ – рече европратеникот Брунс.
XS
SM
MD
LG