Достапни линкови

МАКЕДОНИЈА ПОДГОТВЕНА ДА ГИ ПРИМИ ЕВРО-СИЛИТЕ


За Македонија по потпишувањето на договорот Берлин плус, евро-силите во принцип се прифатливи, се вели во првите реакции по потпишаниот договор меѓу НАТО и ЕУ со кој се отвори патот за исполнувањето на европските амбиции да ги преземе мисиите во Македонија и во Босна.

„ Како што знаете, Претседателот во неколку наврати изрази подготвеност да го прифати разместувањето на сили од страна на Европската унија, доколку биде постигнат договорот Берлин плус кој ја гарантира комплементарноста на силите на Европската Унија со НАТО-пактот“ – изјави портпаролот на претседателот Трајковски, Борјан Јовановски.

На 15 февруари, според мандатот, мисијата „Сојузничка хармонија“ ќе има ревизија и тогаш во консултации со НАТО и со Европската Унија Македонија дефинитивно ќе реши за тоа дали ќе ги покани новите европски сили за брза реакција. Но, поканата, освен што зависи од нивната подготвеност, зависи донекаде и од подготвеноста на Брисел да ги отвори перспективите за Македонија:

„Македонија како земја со европска вокација и како земја која има аспирација да биде членка на Европската Унија, ја изразува својата подготвеност активно да учествува во изградбата на европскиот безбедносен систем, односно да биде вклучена и тесно да соработува со сите тела надлежни во ЕУ за градењето на овој европски безбедносен систем“ – изјави Јовановски.
XS
SM
MD
LG