Достапни линкови

Западни дипломати бараат решавање на случајот „Раштански лозја“


ФБИ по кратко време откако беа убиени седуммина јужноазиски емигранти заклучи дека тие никогаш не претставувале закана за американски инсталации –пишува „Цорд стрит џорнал“. Но, ова тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски го негираше и, според весникот, одби да спроведе истрага за случајот. Неодамна, обраќајќи и се на јавноста во Македонија шефот на мисијата на НАТО Николас Бигман изјави дека балканските земји никогаш нема да ја реализираат својата амбиција да и се придружат на Алијансата, ако не ги почитуваат законите. Досегашната истрага покажа дека лицата биле на пат кон Грција за да најдат работа и немале ништо со тероризмот, рече Бигман. Овој месец делегација на западни дипломати повторно инсистираше да започне истрага и формално побара од владата да почне да се работи на случајот. Изгледа дека Македонија ја сфати пораката, велат западни дипломати за „Ворлд стрит џорнал“. Парламентот неодамна го разреши јавниот обвинител Ставре Џиков на кој се гледа како на бариера да отпочне постапка за убиените емигранти. Истите извори велат дека наидуваат на разбирање кај новата влада. По стапувањето на функција, министерот за одбрана Владо Бучковски изјави дека започнувањето истрага за овој случај е еден од приоритетите на владата. Кога неодамна во Карачи експлодираше бомба во македонскиот конзулат и беа убиени тројца Пакистанци, западни дипломати велат дека македонската влада не се обиде да укаже дека случајот во конзулатот покажува дека седуммината убиени биле поврзани со терористичка група, пишува весникот. Според истите извори, владата во Македонија навистина се обидува да го разјасни случајот.
XS
SM
MD
LG