Достапни линкови

Да бидат унапредени правата на Македонците во Албанија


Албанија ќе ги унапреди правата на македонското малцинство во оваа земја. Ова на денешната средба со македонскиот премиер Бранко Црвенковски го ветил неговиот албански колега Фатос Нано. Станува збор за унапредување на правата во областа на образованието, културата, човековите права, а пред се за унапредување на животните услови на овие жители, изјави албанскиот премиер Фатос Нано.

Двајцата премиери се договориле во праткика да бидат имплементирани меѓусебните потпишани договори.

„Не треба да чекаме други земји да покренуваат иницијативи, Македонија и Албанија тоа сами ќе го сторат за што побрзо зачленување на овие две земји во ЕУ и НАТО,“

изјави македонскиот премиер Бранко Црвенковски.

Една од најприоритетните задачи за двете земји, изјавија премиерите Нано и Црвенковски е афирмацијата на Коридорот 8, либерализацијата на безбедноста и економијата меѓу Албанија и Македонија.

Инаку, премиерот Црвенковски денеска посети две населени места со Македонци во Албанија, селата долна Горица и Пустец, каде што одблиску се запозна со условите во кои живеат овие граѓани.
XS
SM
MD
LG