Достапни линкови

Почнува „Сојузничка хармонија“


Со оценка за успешно спроведена 15 месечна мисија „Килибарните лисици“ на НАТО и го отстапуваат местото на „Сојузничката хармонија“, нова шест месечна мисија во земјава.

„Претседателот мисијата Килибарна лисица ја оцени како успешна, професионално изведена во рамките на целите кои таа ги имаше, а тоа е да помогне во нашите напори за целосна стабилизација на земјата,“

ја пренесува оценката на претседателот Трајковски неговиот портпарол Борјан Јовановски.

„Сојузничката хармонија“ брои околу 450 војници. Таа се состои од два дела, оперативен, што ги задржува карактеристиките на досегашната мисија и советодавен, активен во помошта околу спроведувањето на реформите на македонските безбедносни сили во согласност со стандардите на НАТО.

Последнава задача останува во надлежност на алијансата и доколку ЕУ ја преземе мисијата во февруари идната година, кога е предвидена расправа на таа тема.

„Не гледам зошто ЕУ не би го презела оперативниот дел на мисијата доколку условите за тоа бидат исполнети,“

изјави за време на посетата на Скопје генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон. Неговиот портпарол Марк Лејти додава:

„НАТО останува во Македонија да го помага спроведувањето на реформите дури и ЕУ да го преземе оперативниот дел.“

Токму на оваа димензија инсистира и македонскиот државен врв. Портпаролот на претседателот Борјан Јовановски вели:

„Во голем дел тој мандат е насочен кон поддршка на реформите кои треба да се преземат во Македонија на планот на интензивирање на процесот на нашето интегрирање во НАТО. Во својата втора компонента тој мандат исто така е насочен да помогне во напорите кои државата ги прави во правец на стабилизацијата на земјата.“

Неодамна и министерката за надворешни работи на Македонија Илинка Митрева на државниот секретар на НАТО Колин Пауел му пренела слично мислење за „Сојузничка хармонија“ како последна мисија на НАТО во Македонија, по што земјата ќе сама ќе почне да се грижи за својата безбедност.

Првата НАТО мисија во Македонија започна на 25-ти август минатата година, со име „Неопходна жетва“ и со мандат да го собере оружјето од тогаш расформираната ОНА. Според најавите и „Сојузничката хармонија“ ќе учествува и помага во собирање на оружјето што се планира да биде спроведено на пролет.
XS
SM
MD
LG