Достапни линкови

Вашингтон: Верување дека кризата со Пјонгјанг ќе се реши дипломатски


Американскиот заменик државен секретар Ричард Армитаж денеска во Сиднеј изјави дека верува оти кризата со Северна Кореја околу нејзината нуклеарна програма програма може да се реши со дипломатски средства. Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека добила барање од Пјонгјанг за повлекување на камерите од северно-корејските нуклеарни реактори. Северна Кореја вчера соопшти дека ќе рестартира еден советски дизајниран реактор за кој постоеше сомнение дека е користен за развој на нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG