Достапни линкови

Имотот не некои праетници нема да биде под лупа на јавноста


Денеска истекува рокот за доставување на анкетните листови за имотната состојба на народните избраници до Државната Комисија за борба против Корупцијата. Досега анкетните листови ги пополнија и ги ставија на јавен увид членовите на Владата, но и собранискиот спикер. Поголемиот дел од пратениците веќе ја завршија оваа обврска, а околу дваесетина тоа ќе треба да го напрват во текот на денот. За разлика од владините членови дел од пратениците иако го пополниле анкетниот лист истиот по нивен избор може и да не биде достапен за јавноста.

„Овде има строги правила. Се работи за службена тајна и ако некој пратеник изјави дека сака на новинарите да им го стави на располагање имотниот лист, тоа е веќе лична работа,“

изјави генерлниот секретар на Собранието Александар Новаковски.

Најбројната парламентарна партија СДСМ според координаорот Јани Макрадули решила нивната имотна сосотојба да биде достапна за јавноста.

„Бидејќи сите наши пратеници се изјаснија имотните листи да бидат достапни за јавноста, кога ќе имаме состанок на пратеничката група практично ќе го операционализираме и тоа.“

Јавноста ќе има увид и во чекмеџето на пратениците на ДУИ

„Став на партијата е дека анкетните листови на нашите членови ќе бидат јавни.“

изјави пратеничката Теута Арифи . За разлика од нив довчерашните владечки партии ВМРО ДПМНЕ И ДПА на своите пратеници им препуштиле сами да одлучат дали на јавноста ќе и дадат отчет за својот движен и недвижен имот или тој ќе им биде претставен само на собраниските служби и Државната Комисија за Антикорупција. До денеска оваа обврска сеуште не ја исполнил Љубчо Георгиевски поранешен премиер, а сега актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку преостанатите пратеници не ја испочитуваат оваа обврска тогаш велат во Државната Комиија за борба против корупцијата согласно законот за нив следи парична казна.
XS
SM
MD
LG