Достапни линкови

Договорот за нафтоводот неуставен


По вчерашното прогласување за неуставен на билатералниот договор потпишан помеѓу Македонија и Грција за изградба на нафтоводот Скопје-Солун во кој е вклучен и инвестициониот договр за продажба на рафинеријата „Окта“, во министерството за економија стручните тимови започнаа со анализи, како понатаму.


„Владата во моментот ги разгледува сите можности што помалку ќе ја чини Република Македонија – дали укинувањето на монополот или оставањето договорот да заврши во 2005-та година. Одлуката на Уставниот суд е едно, а тоа што ќе го преземе владата е друго прашање.“

Според толкувањето на експертите, доколку владата го раскине договорот, а во меѓувреме сопственикот на „Окта“ Хеленик Петролеум ја тужи Македонија пред меѓународните правни институции веројатноста оваа грчка компанија да го добие спорот е многу голема.

Менаџментот на „Окта“ барем засега не се вознемири од последната одлука на уставниот суд, нивниот коментар е, и со оваа влада сме во добри односи, и ќе најдеме заеднички јазик.

Портпаролот на владата со одговор,

„Одлуката на Уставниот суд не се коментира, таа е финална. Крај на програмата!“


Идентичен е ставот и на партијата чии членови на влада го потпишаа овој договор.

„Тоа е одлука на судот и не се коментира,“

вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

Во изминатите три години колку што беа на сила овие штетни договори Македонија прокнижи штети од неколку десетици милиони евра.


„Штетите за Македонија можат да бидат околу 150 милиони долари. Договорот е направен колонизаторски.“

вели министерто за економија Илија Филиповски.

Практицирањето на овие два договори од претходната влада беа и главната причина за посочувањето на Макеоднија од страна на преставниците на европската комисија како земја која не ја почитува потпишаната спогодба за стабилизација и асоцијација.

„Владата на Република Македонија во никој случај нема да дозволи да се доведе во прашање реализацијата на спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската унија,“

е ставот на владата. Носењето на одлука од страна науставниот суд за укинување на билатералниот договор , не значи и поништување на истиот, што според ексертите се толкува како можност владата и сопствениците на „Окта“ во идниот период да извршат само ревидирање на стариот договор со исклучување на против уставните анекси вметнати во него.
XS
SM
MD
LG