Достапни линкови

Малцинствата во демократијата


Промоција на дијалогот, исполнување на заедничките права, но и обврски доминираа како порака на денешната конференција насловена како Малцинствата во демократија што се одржа на универзитетот за Југоисточна европа во тетово.

„Генерално мнозинското население без оглед дали се работи за Македонците во скопско или за Албанците во тетовско има специјална обврска кон оние што не се мнозинство,“

рече амбасадорот на ОБСЕ Крег Џенез. Во тој контекст и за примерот со Шемшево каде мнозинството е албанско.

„За проблемот на училиштето постои владина одлука И таа мора да биде почитувата,“

рече Џенез додавајќи.

„Не е на локалното население да се обиде да влијае врз таа одлука. Доколку сакаат да се занимаваат со политика нека се вклучат во политичка партија и излезат на избори,“

порача Џенез залагајќи се генерално за дијалогот како начин на решавање на проблемите во меѓуетничките релации. За нивно решавање преку нотираното во рамковниот договор на конференцијата говореше еврпратеникот Алексис Брунс.

Почитувањето на малцинствата е едно од основните барања и критериуми врз кои почива визијата на обединета Европа. Оттаму ова заедно со принципите на демократијата и владеењето на правото се критеруми за оценка на идните европски членки.

„Исполнувањето на охридскиот договор ќе ја донесе Македонија поблиску до Европската Унија,“

рече Брунс.
XS
SM
MD
LG