Достапни линкови

logo-print

Ситуацијата подобрена на колективен и индивидуален план


Во хелсиншкиот комитет за човекови права во Скопје во процес е изработката на редовниот годишен извештај за состојбите на овој план кај нас, но според првичната оценка која претставува сублимат на податоците што се доставувани во изминатите 12 месеци.

„Треба да го кажам моето лично уверување дека состојбата на човековите права во Македонија е на повисоко ниво. Има помал број на сериозни пречекорувања, благодарејќи на општо смирената клима во државата,“

оценува Гордан Калајџиев од Хелсиншкиот комитет во Скиопје.

Ако направиме разлика меѓу личните и колективните права од податоците до кои ние доаѓаме заклучуваме прогрес на двете нивоа вели Калајџиев, но додава:

„Бездруго има и понатаму повредување на тнр. лични граѓански права, приватноста и полициските пречекорувања со кои се уште се соочуваме, неправични судења и сл.“

На индивидуален план и натаму имаме случаи на повреди на одредени лични права пред се 200 во смисла на полициски пречекорувања неправедни судења и слично. За степенот на почитување на индивидуалните права во државата зборуваат и граѓаните врз основа на нивните конкретни искуства.

„Судијата чека делото да застари, „на Тошо“ се прави и обвинителството, а застаре ли делото – никому ништо: судијата станал пријател со дотичното лице кое треба да одговара.“

регира еден скопјенец. Еден друг граѓанин пак забележува дека човековите права во Македонија не се на завидно ниво ниту на колективен палн.

„Нашиве во Арачиново не смеат да идат, бодејќи правата не се почитувани. Во тотовско, пак, ситуацијата е очајна.“

Во хелсиншкиот комитет велат оти на колективен план постои напредок во делот на почитувањето на човековите права.

„На колективен план имаме напредок во имплементирањето на рамковниот договор, иако тој повеќе се однесува повеќе на албанската, а помалку на дргугите заедници. “

Калјџиев додава оти многу посреќна околност ќе претставуваше ако до унапредување на човековите права на етничките групи во Македонија дојдеше на како што вели подемокартски начин

„Енергично го осудуваме секој напор за кршење на човековите права. Тоа е нешто што може да се остварува само низ правни механизми и низ законска процедура.“
XS
SM
MD
LG