Достапни линкови

Деловни совети на ЦЕИ и Пактот за стабилност


За време на последната посета на Македонија специјалниот координатор на пактот за стабилност Ерхард Бусек го најави првиот заеднички состанок на деловните совети на Централноевропската Иницијатива и пактот за стабилност. Тогаш Бучек рече:

„Од страна на заедницата овој состанок е знак и сигнал за тоа колку е важна Македонија и за тоа дека ние сакаме повторно да ја вратиме шансата за странски и директни инвестиции.“

изјави Бусек еден од водечките учесници на тродневната конференција во Скопје. Спојувањето на бизнис групациите кои го подржуваат СЕКИ И Пактот за стабилност е со цел да се изгради една заеднички настап кон земјите на ЈУЕ, за да се поттикне на стопанството, но воедно и можност за земјите од регионов да настапат систематски и организирано во презентацијата на можностите за економнска соработка и привлекување на инвестиции:

„Организираниот настап за освојувањето на било каков пазар, би значело првенствено подготвување на една програма која што би можела да се ефектуира. Значи, изнесување на сите подробности и афинитети коишто Македонија ги изразува. На тој начин ќе се направи заедничка структура со останатите земји од регионот – како може да се настапи за достигнување на повисок економски развој или пак стандард на живеење. Тоа значи што Република Македонија може да поттикне, што може да понуди, кои се стопанските области коишто би требало и меѓународната јавност да ги фаворизира во Република Македонија,“

изјави еден од учесниците директорот на регионалниот центар на Пактот за стабилност за борба против организираниот криминал Габриела Коневска Трајковска.
XS
SM
MD
LG