Достапни линкови

Прага: Грос демантира дека Прага е следна мета на Ал Каеда


Чешкиот министер за внатрешни работи Станислав Грос ги демантира наводите на израелските медиуми дека Прага како омилено одредиште на израелските туристи е следна мета на терористичката Ал Каеда. По извршените проверки со повеќе странски контра-разузнавачки служби е заклучено дека нема сознанија за планиран терористички напад. Сепак ризикот не е исклучен бидејки Прага годишно ја посетуваат околу 250 илјади туристи од Израел.
XS
SM
MD
LG