Достапни линкови

Балканот останува проблематичен


Балканот и натаму останува проблематичен поради етничките тензии и криминалот, се вели во извештајот на американскиот Совет за надворешни односи, во кој се ургира Соединетите држави, Европската Унија и Светската Банка да играат посилна улога во обновата на регионот.

Без помош од надвор регионот само ке стане уште поголем рај за криминалот, криумчарите и муслиманските милитанти, сиромаштијата ке се зголемува а со тоа и миграцијата кон запад. Во извештајот на Советот се наведува дека негрижата за овие проблеми би можела да доведе Балканот да стане извор за илегалните дроги и анти-американски тероризам. Неуспехот да се воспосатави долготрајна стабилност би ги зголемила и критиките во Европа дека Американците се повеќе заинтересирани за правење војни отколку за одржување на мирот.

Американскиот советот за надворешни односи наведува и дека НАТО мора да ги прошири напорите за реструктуирање на воените сили на Балканот и да се обезбеди дека тие се под цивилна контрола. Соединетите држави, исто така , треба да играат витална улога преку военото присуство и економската помош. Советот проценува дека Соединетите држави ке потрошат меѓу 8 и 12 милиони долари за воени операци и меѓу 2 и 3 ипол милиони доларин за помош на Балканот сметајки од сега па до 2010 година.Американците во моментов имаат околу 8 илјади војници во регионот и Советот смета дека Соединетите држави можат деа распоредат многу бргу дополнителни сили доколку е неопходно. Во следниве 6 до 8 години, заклучува Советот за надворешни работи, американското присуство на Балканот ке биде неопходност.
XS
SM
MD
LG