Достапни линкови

Документ на 12,000 страници


Ирачката официјална декларација за неговите програми за оружје пристигна во седиштетото на Обединетите Нации во Њу Јорк и во Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена. Станува збор за досие од 12 илјади страници.

Преведувачите од арпски јазик, како што јавуваат агенциите, веднаш ја започнале работата врз некои делови од материјалот што би требало итно да бидат дадени на анализа. Шефот на инспекторскиот тим Ханс Бликс изјави дека е неизвесно колку време би им требало на експертите за да извршат целосна анализа на материјалот и со тоа да ги потврдат или не ирачките тврдењa дека не поседува оружје за масовно уништување.

„Ние секако веднаш ќе видиме за колку страници станува збор и колку страници ќе добиеме од це-де ромовите. Кога ќе ги имаме сите копии ние ќе ја започнеме работата врз декларацијата.“

изјави Ханс Бликс. Дека е потребна претпазливост потврди во Токио и директорот на агенцијата за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи.

„Инспекцијата бара време. Таа не е нешто како фрлаш паричка и велиш да тие се согласуваат или не тие не се согласуваат.“

Според извори во Њујорк, Обединетите нации решиле овие копии да им ги предадат на петте постојани членки на Советот за безбедност. Тие, посредно, преку министерствата за надворешни работи веќе ги навестија своите ставови.

Додека Соединетите Држави и Британија го задржуваат скептицизмот околу ирачкиот извештај, Русија и натаму е претпазлива велејќи дека ќе треба време тој да биде испитан целосно. Франција наведе дека никогаш нема да прекине со барањата за разоружување на Ирак, a Кина соопшти дека ирачкото досие би требало да се оценува и врз основа на она што го откриле инспекторите за оружје на теренот.

Инспекторскиот тим вчера беше засилен со уште дваест и пет и нови членови, а утре се очекува во Ирак да пристигант уште триесетина. Инспекторите денеска по трет пат го посетија нуклераниот капацитет јужно од Багдад. И додека Вашингтон ја продолжува потрагата по поддршката за својата позиција во врска со Ирак, заменик – државниот секретар Ричард Ермитаж е на азиска турнеја, американските сили во Катар започнаа големи компјутерски вежби за да ги испитаат можностите на командниот центар во евентуалната војна во Ирак. Како што се наведува, во вежбите нема да бидат вклучени борбени сили, туку со хипотетички воени сценарија ќе бидат испитани само телекомуникациите.
XS
SM
MD
LG