Достапни линкови

Белград: Коштуница го обвини премиерот за неуспехот на изборите


Лидерот на Демократската партија на Србија Воислав Коштуница изјави дека нема да ги признае резултатите од вчерашните претседателски избори. Тој го обвини премиерот Зоран Џинџиќ за неуспехот и на вториот обид да се избере претседател на Србија. Како главни причини ги наведе недоволната ажурираност на избирачките списоци и изборниот цензус. ,,Српската влада се запишува во Гинисовата книга на рекорди, но и во книгата на срамот, бидејќи распишува избори и истовремено агитира тие да не успеат,, - рече Коштуница. Според државната изборна комисија, на вчерашните избори излегоа само околу 45 насто од гласачите, што е помалку од потребните над 50 проценти за да бидат валидни. Резултатите велат дека за Коштуница гласале 58 насто од избирачите кои излегле на изборите. Воислав Шешељ има 36, додека Борислав Пелевиќ три и пол проценти.
XS
SM
MD
LG