Достапни линкови

Развој на демократијата во муслиманскиот свет


Соединетите држави притиснати од терористичките напади и обвинети за подршка на авторитарни режими промовираа план за развој на демократијата во муслиманскиот свет.

Признавајќи дека не успеале да подржат создавање демократски влади меѓу муслиманските нации, Соединетите држави објавија план за помош со цел промоција на демократијата во муслиманскиот свет. Зборувајки за нападите на 11 септември, директорот за планирање на Стејт департменот Ричард Хеис изјави дека ја научиле лекцијата на потешкиот начин. Имено, муслиманските држави под авторитарните режими станаа добра почва за терористите кои потоа ја нападнаа Америка поради тоа што таа ги подржува овие режими. Обраќајки им се на експертите во Советот за меѓународни односи Хеис рече дека Вашингтон енергично многу повеќе од порано ќе ја промоворира демократијата во муслиманскиот свет. Соединетите држави, вели Хеис, за економски, образовни и политички реформи ке издвојат дополнителни средства на веќе обезбедената милијарда долари.

„Муслиманите не можат да ги обвинат Соединетите држави за недостигот на демократија. Како и да е, Соединетите држави и9граат голема улога во светот и нашите напори за промоција на демократијата меѓу муслиманскиот свет понекогаш се нецелосни.“

Универзитетскиот професор за блиско-источни студии од Вашингтон Фуад Аџами се прашува како тоа Америка ке го прави во рамките на војната против тероризмот.

„Ние мораме да соработуваме со Сирија и со Узбекистан и со Алжир. Всушност оваа војна против тероризмот не принудува на секакви релации со режими кои не се ориентирани кон демократијата,“

изјави Аџами. Директорот за планирање на Стејт Департаментот Ричард Хеис ја признава дилемата но вели дека одговорот на Вашингтон за сега е да се работи со муслиманските влади во надеж дека тие ке согледаат дека е во нивен интерес да станат демократски. Хеис ги одбива шпекулациите дека Вашингтон сака преку новиот план за демократизација да ги тргне режимите.

„Не постои скриена агенда. Американсиот план е и од алтруистичка природа но и поради сопствените интереси. Поголемата демократија во претежно муслиманските држави е корисна за луѓето кои живеат за нив, но и за Соединетите држави.“

Ричард Хеис вели дека Америка сфаќа оти со подршка на демократијата може да им помогне да исламските партии да дојдат на власт.Меѓутоа Вашингтон , вели Хеис не е против муслиманските партии наведувајки го примерот со Турција каде што на демократски избори победи партија со исламски корени.
XS
SM
MD
LG