Достапни линкови

Според експертите, во други транзициони држави нееднаквоста поизразена


Само во главниот град на Македонија се регистрирани 54 бездомници. Скопјани ги среќаваат во центарот, кај железничката станица, во парковите. Сами или цели семејства. Сиромашни и незгрижени оддаваат слика за социјална беда. Истовремено, во поелитните населби преку ноќ никнуваат куќи од соништата. Се зголемуваат ли социјалните разлики?

„Јас знам, фалимилии по пет по шест, немаат леб да јадат, одат просат и ги растураат кантите со ѓубре да бараат парче леб. Барем еден вработен да има, па да имам барем леб,“

вели еден граѓанин. Друг, помлад човек додава:

„Народот најубаво чувствува, тоа не го чувствуваат луѓе што се на власт или се зани,аваат со некои криминални дела.“

Со ова се согласува и една госпоѓа, жител на главниот град:

„На мебел некој да помисли, вака од средната класа, што нема свој приватен бизнис, нема шанси, или кола да купи.“

Науката регистрира, во Македонија економската нееднаквост не е толку изразена како во другите земји во транзиција.

„Постои еден коефициент со коишто ние го мериме тоа зголемување во нееднаквоста, коешто во Русија, на пример, драстично се зголеми. Во Република Македонија, бележи благ пораст од неколку процентни поени како показател,“

вели професорот по економија Трајко Славевски. Сепак, тој додава, нееднаквата расподелба е главна причина за порастот на сиромаштијата кај нас.

„Порастот на сиромаштијата во Република Македонија за неколку процентни поени во периодот од 97-ма до 2000-та година, се должи токму на нееднаквата распределба на доходот или нееднаквоста. Токму тоа е причина, што извесен број на граѓани за жал сега се наоѓаат под таа граница на сиромаштија, оние што не биле да речеме во 97-ма, сега може да се сметаат за сиромашни во 2000-та година.“
XS
SM
MD
LG