Достапни линкови

Вашингтон: Буш бара извештајот на Ирак да биде веродостоен


По подготовките на Ирак денеска да презентира извештај за неговата програма за оружје, американскиот претседател Џорџ Буш предупреди дека извештајот мора да биде веродостоен зошто во спротивно Багдад ќе се соочи со воен напад. Инспекторите за оружје денеска продолжија со работа на теренот по дводневната пауза. Тие се во посета на областите богати со ураниум и на фабриката во која порано се произведувала муниција за хемиско и биолошко оружје.
XS
SM
MD
LG