Достапни линкови

Безбедноста на границите главна тема


Безбедноста на границите на Балканот доминираше на работната средба на специјалниот претставник на НАТО за Балканот Роберт Сери со македонскиот државен врв во Скопје. Во функција на подготовките за претстојаната реализација на иницијативата за одржување на регионална конференција за безбедноста на границите што треба да се одржи напролет во Охрид, Сери рече:

„Секоја идеја која води кон вистинска практична кооперација за мене во принцип е добра идеја. Ние сакаме отворени граници, но добро контролирани граници. Ние не сакаме ситуации кога границите се небезбедни.“

Претствникот на алијанасата Роберт Сери позитивно го оцени претстојното интезивирање на соработката меѓу министерствата за одбрана на Македонија и Албанија што се очекува да започне со посетата на албанскиот министер за одбраана Пандели Мајко на Македонија,планирана наскоро

„Бев информиран од вашата влада дека наредната недела ќе има средба меѓу македоснката и албанската влада за прашања за соработка во делот на границата.“

На средбите со претседателот премиерот министрите за одбрана, внатрешни и надворешни рабори Роберт Сери бил информиран и дека Македонија ќе упати свој офицер за врски во составот на КФОР во Приштина со цел да се подигне нивото на размена ан информации по прашањата за безбедноста на македонско-југословенската граница во делот на Косово при што македоснкиот министер за одбрана Владо Бучковски како особено значајно го исткнал воспоствувањето на координација меѓу македонските власти и претствниците од Албанија УНМИК и КФОР.
XS
SM
MD
LG