Достапни линкови

Очекувања за напредок во спроведување на преземеното


Европската Комисија очекува да види напредок во спероведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација

„Имавме неколку тешкотии во имплементацијата на договорот со претходната влада, но сигурен сум дека со оваа влада ќе можеме да ги пребродиме проблемите и ќе продолжиме понатаму,“

изјави еврокомесарот Патен по средбите со премиерот Црвенковски. Една од доминантните точки на овие разговори е решавањето на проблемот со монополот на ОКТА

„Владата е решена овој проблем да го надмине и да го елиминира. Значи, во овој момент не се поставува прашањето дали, туку како за консеквенците да бидат минимални и полесно подносливи за државата во целина,“

рече Црвенковски. Европската комисија е подготвена да ја продолжи финансиската помош. Доколку владата склучи договор со ММФ рече Патен

„Ако новата влада е во можност да потпише нов договор со ММФ, ние веднаш ќе ослободиме 20 милиони евра во финансиска помош и ако владата се придржува до тој договор, после три месеци ќе ослободиме уште 26 милиони евра.“

Тој во Скопје и со порака до претседателот Трајковски по неговата за европјаните изненадувачка резеврираност на идејата за обнова на лидерските средби. Сигурен сум дека потписниците на рамковниот договор ќе сакаат да ја покажат својата подготвеност за исполнување на договорот

„Ова е реална, суштинска а не само декларативна определба на владата.“

На средбите со Патен македонскиот државен врв дециден во определбата кон Европа, но и во очекувањата дека нема да бидеме заборавени. Премиерот Црвенковски рече:

„Она што е битно и за Македонија и за сите земји од овој регион коишто се уште не се опфатени со проширувањето на Европската унија е да знаат дека имаат јасна перспектива и шанса.“
XS
SM
MD
LG