Достапни линкови

Одлив на умови од Македонија


Елизабета има уште неколку испити пред дипломирање на институтот за одбрана во скопје по што таа планира да замине во Лондон каде што ке го продолжи своето образование на постипломски студии за воена стратегија кои како што додава ќе и овозможат да најде работа таму.

„Завршувањето на постипломските студии таму ми гарантира дека ќе најдам работа, а овде не е таков случај.“

Оваа студентка е само еден од многуте примери на млади високо образовни кадри кои што си заминуваат од државата. Причините за овој негативен тренд во земјата се познати а тие се повторуваат преку примерот на нашиот соговорник.

„Треба да имаш свој човек за да те препорача и да те примаат некаде, а само дипломата и просекот воопшто не се битни.“

Проблемот на заминување на на високо образованите кадри кои стекламе теоретски и практични исксуства во Македонија за дражата е аларамнтен вели професорот по економија Душан Вељковиќ од причина што:

„Фрапантен е податокот дека во Заводот за вработување има пријавено над 50 доктори на науки и релативно голем број магистри, а да не зборуваме за исклучително способните кадри кои во процесот на транзицијата беа истиснати и отстранети од работа.“

Оти не му се посветува внимание освен воопштени приказни дека во заводот за вработубање на 50 доктори на науки.

Последиците од овој тренд се катстрофални за државата оти во прашање се изгубени инвестиции употребени за образувањето на овие луѓе

„Тие последици директно ќе бидат изразени преку фактот што голем број производствени капацитети не ќе можат да се оспособат и технички и технолошки да се обноват и подготват за повторен старт.“

Она што загрижува вели професор Вељковиќ е што кај младите луѓе се формира свест дека во Македонија тие немаат никакви перспективи. Сигнали дека наскоро може да се случи промена на таквиот правец засега нема. За тоа зборуваат и во агенцијата за ислелеништво преку примерот - колку од луѓето кои веќе си заминале имаат намера да се вратат во држвата

„Турбуленциите коишто се случуваат на овие простори, војната минатата година, и воопшто економската криза во којашто се наоѓа Македонија и целиот регион, не влијаат благопријатно кон тоа луѓето да се решат да се вратат во Република Македонија,“

вели Васко Наумов од агенцијата за ислелеништво кој укажува оти агенцијата не располагага со податоци за бројот на луѓето што си заминуваат како и оти не постои институција која има прецизен податок.
XS
SM
MD
LG