Достапни линкови

Три лица загинаа, МНР остро го осуди нападот


Министерството за надворешни работи, остро го осуди терористичкиот напад и од пакистанските власти побара објаснување за настанот и цврста гаранција за заштита на личниот интегритет на македонскиот почесен конзул Билал Ахмед Куреши.

Немам непријатели и мислам дека никој нема ништо лично против мене, изјави Куреши, кој е брат на поранешниот вршител на должноста премиер Моен Куреши. Негирајќи дека експлозијата е напад врз неговата личност, тој вели дека бомбашките напади можат да бидат порака од кого било, и оти инцидентот јасно покажува дека тероризмот може да влезе во кој било конзулат и да ги постигне целите.

Македонското министерство за надворешни работи од пакистанските власти побара брзо и ефикасно да ги пронајдат сторителите на овој терористички акт. Според непотврдени информации на министерството, како можен организатор на нападот се спомнува пакистанската фракција на организацијата Ал Каеда.

Македонскиот претседател Борис Трајковски го оцени нападот како терористички чин и изрази жалење за жртвите. Во неговиот кабинет засега немаат детали за мотивацијата и целите на овј акт.
XS
SM
MD
LG