Достапни линкови

Багдад: Хусеин ќе им даде шанса на инспекторите да ги демантираат САД


Претседателот на Ирак Садам Хусеин денеска изјави дека ќе им даде шанса на инспекторите за оружје на Обединетите нации да ги демантираат американските тврдења дека во неговата земја се произведува оружје за масовно уништување. Ирак ги обвини инспекторите за оружје дека се шпиони на Соединетите држави и Израел и оти тие се во нивната земја за да соберат прецизни информации за подготовка за американски напад врз Ирак. Шефот на инспекторите Димитри Перикос изјави дека тие се во Ирак за да ја спроведат резолуцијата на Обединетите нации, а не да им служат на поединечни држави.
XS
SM
MD
LG