Достапни линкови

Решителни чекори за борба против криминалот


Зголемената стапка на криминалитет, изразена и преку појавата на подметнувања бомби и експлозивни направи, потоа киднапирања и банди кои оперираат во поранешните кризни региони имаат најмалку два аспекти: оргганизиран криминал и тероризам смета криминологот Стефан Сандџаковски додавајќи

„Може да се каже дека понекогаш овие два елементи се тесно поврзани во своето дејствување.“

Пресметките во подземјето не се новост за земјите во транзиција. Тие се смета Буџаковски:

„израз на одредени нерасчистени работи помеѓу криминалните структури и посебно се изразени при промената на власта. Тоа се бележи и во другите земји во транџиција,“

посебно изразени кога имаме промена на власт. Според Буџаковски Македонија има капацитет да се справи со заканата од организираниот криминал.

„Ние имаме потенцијал и стручен кадар којшто може да се справи со организираниот криминал.“

Меѓутоа други експерти, кои инсистираат на анонимност предупредуваат дека доколку новата влада не преземе радикални акции во пресметката со криминогените групи ситуацијата во земјава ќе се влоши. Ние суште немаме орттворени пресметки меѓу бандите како што ги има на пример во Србија или Русија, но тие ќе се случат, доколку се запостават основните принципи за функционирање на правната држава како што е пронаоѓање и казнување на сторителите, посочуваат познавачите на состојбите во земјава.

Согласувајќи се со оценката дека степенот на криминалот се зголемува при промената на власта тие упатуваат на ставот дека доколку во првите сто дена оваа влада освен најави за радикална пресметка со криминалот не произведе и конкретни резултати ситуацијата може само да се радикализира. Во меѓувреме барањето до МВР за информација до каде се и какви се резултатите на истрагите за бомбашките напади во Македонија останува без одговор.
XS
SM
MD
LG