Достапни линкови

logo-print

Четворица повредени пред АД Киро Ќучук во Велес


Во АД Киро Ќучук утрово започна да се реализира најавениот штрајк на акционерите кои од разни причини не се вработени во друштвото. Тие пред неколку недели, јавно, преку локалните медиуми реагираа на недомаќинското работење на УО на друштвото, кое иако со фирмата раководи само три години во неа направена е голема финансиска дупка која сега се обидуваат да ја скријат многубројните кредити за кои како гаранција под хипотека се дел од производствените погони, велат незадоволните акционери.

Иако атмосферата беше напната акционерите не ни помислуваа дека дел од обезбедувањето на претседателот на УО Киро Камчев ќе се осудат и ќе пукаат во луѓето, кои бараа само одговор на поставените прашања.

Напнатоста кулмираше во 7:15 часот кога е пукано со огнено оружје, најнапред во воздух, а потоа и во луѓето. Во пукотницата повредени се четворица акционери од кои тројца се здобиле со лесни телесни повреди, а еден е потешко повреден и по укажаната лекарска помош во болницата во Велес префрлен е на лекување во Скопје.

Голем е бројот и на акционери кои се повредени од удари со безбол палки. Брзата интервенција на полицијата оневозможила поголемо насилство. Во моментов на потег се судските органи, нивното решение се очекува со нетрпение од двете страни.
XS
SM
MD
LG