Достапни линкови

Жестока кампања за промена на односот


Преку симболиката на занданата во која гроф Монте Кристо неправедно осуден минал дваесет години од својот живот, здружението на граѓани за подршка на хендикепираните Полио Плус со хепенинг подсетува на тоа колку хендикепираните се изолирани:

„Кафезот што ќе го поставиме на градскиот плоштад ќе симболизира колку едно хендикепирано лице не може да излезе надвор од својот дом.“

вели извршниот диерктор на здржението Душко Христов. Европската Унија ја прогласи двеилјади И третата година за година на хендикепираните

„Македонија како асоцијативна членка на Европската унија ќе мора да презема одредени акции за подобрување на статусот, правата и однесувањето кон тие лица. Тоа ќе мора да почне да се случува, бидејќи самите норми и правила во Европа и наложуваат на Македонија да исполни одредени услови.“

вели Христов. Примерот на Адиљ од село Кондово за Христов е илустрација на односот кон хедникепираните:

„На детето му се скршила патерицата и седело четири часа крај патот. Немало кој да го крене. А во прашање е само една патерица.“

полио плус амбициозно најавува жестока кампања, вистинска револуција за да се смени односот кон хендикепираните во јавноста.

„Реално, ние бегаме од лицата со хендикеп. Затоа ќе се трудиме во Македонија да направиме пресврт, да направиме убава акција и заедно со сите кои ќе ни се придружат да направиме вистинска мини-револуција помагајќи им на тие луѓе. Ништо друго.“
XS
SM
MD
LG